Фудбалерот на Манчестер Сити, Џереми Доку, вели дека може да се наметне како еден од најдобрите странични играчи во светот.
„Верувам дека можам да бидам. Крилниот напаѓач мора да постигнува голови. 100 проценти сум сигурен дека можам да успеам.“ – рече Доку.
„Треба да се пронајдам во области за лесно да можам да постигнувам голови – од близина и слично. Тоа ќе биде голем чекор напред“ – вели играчот на „граѓаните“.

