Австрискиот тенисер Доминик Тим нема да се појави на Мастерсот во Индијан Велс и оној во Мајами.
Австриецот на тој начин го одложи враќањето на теренот по операцијата што ја имаше минатата година и планира да игра само на турнири на земјена подлога.
Иако пред неколку дена изјави дека закрепнувањето му оди според планот, од тимот сега велат дека тој не е доволно подготвен да се врати на натпревари.
„Имав навистина добри тренинзи. Зглобот е совршено во ред, раката се подобрува, но сепак решив да се откажам од Индијан Велс и Мајами и да започнам на земјена подлога. Тоа ќе биде совршено време за почеток“, изјавил Тим.