Тренерот, Карло Анчелоти, се надева дека ќе добие продолжување на договорот со Реал Мадрид иако според одредени шпекулации треба да го преземе кормилото на бразилската фудбалска репрезентација.
„Го чекам Реал Мадрид до последен ден“ – вели Италијанскиот тренер кој не крие дека сака да остане кај „кралевите“.
Неговиот тим денеска го чека гостување кај Кадиз во рамките на тековното кoло во Примера Дивизион.