Голманот на Пари Сен Жермен, Џанлуиџи Донарума, заработи потешка повреда на лицето на вчерашниот меч со Монако.
Тој доби удар од Стефан Синго и мораше да биде заменет во 22. минута. Судијата Франсоа ле Тексие му прогледа низ прсти на домашниот фудбалер и не му покажа јавна опомена.
Се очекува ПСЖ денеска да излезе со соопштение до кога искусниот голман ќе мора да паузира.

