Голманот на фудбалскиот состав Милан, Џанлуиџи Донарума, најверојатно ќе си замине од тимот во текот на летото, најавуваат денеска медиумите во Италија.
Во меѓу време, росонерите се очекува да го најават трансферот на Мајк Менјан од Лил. Според „Кориере дела Сера“, Донарума се надевал дека со пласман во Лигата на шампионите клубот ќе му даде поголема плата но, „росонерите“ одбија да подлегнат на притисокот од играчот и неговиот агент Мино Раиола.
Донарума сега може да добие понуди од Јувентус, Барселона или Пари Сен Жермен.
