Голманот на Милан и италијанската репрезентација Џанлуиџи Донарума ја посети и прошета низ поплавената Венеција во друштво на претседателот на Фудбалската федерација на Италија Габриеле Гравина и менаџер на репрезентацијата Џанлука Вијали.
По квалификацискиот натпревар за Европското првенство во 2020 година против Босна и Херцеговина, и победата од 3:0, репрезентацијата на Италија замина во Венеција за да ги поддржи локалните жители и да привлече внимание за најтешката поплава во последните 50 години. Италијанската делегација облечена во гумени чизми прошета низ плоштадот Сан Марко, каде се сретна со жителите на градот.
Да потсетиме дека италијанскиот тим пред одигрувањето на последната средба го обезбеди своето учество на Европското првенство во 2020 година. Во последното, 10-то коло од квалификациите, репрезентацијата на Италија во Палермо ќе игра со репрезентацијата на Ерменија.