Денеска гостин во просториите на Македонскиот олимписки комитет беше Андон Дончевски – легендарен тренер и прв селектор на нашите фудбалери.
Тој беше примен од претседателот на МОК, Даниел Димевски и почесниот претседател, д-р Васил Тупурковски. Двајцата му ја врачија на 87-годишниот Дончевски наградата за „Спортски великан на Македонија“ а исто така го прогласија и за член на почесниот комитет на МОК.
Дончевски беше предводник на првата генерација која го одигра историскиот меч во Крањ кога ја победивме Словенија 4-1.