Играчот од средниот ред на Ајакс, Дони ван де Бек го потврди интересот на Реал Мадрид за него. Исто така 22-годишниот Холанѓанец се смета за резервна опција на Пол Погба доколку играчот на Манчестер Јунајтед не го направи трансферот на „Сантијаго Бернабеу“. Сето ова треба да биде познато до 8 август кога ќе се затвори трансфер прозорецот во Англија.
„Да, Реал Мадрид е заинтересиран за мене, но многу се брзате. Не сакам да кажам што има, а што не. Сега сакам да се концентрирам на натпреварот со Витесе“, изјави Ван де Бек.
„Не сакаме да го загубиме, но многу малку можеме да направиме доколку Реал Мадрид сака да го купи“, изјави тренерот на Ајакс Ерик Тен Хаг. Во меѓувреме, од холандксите медиуми стигна информација дека двата клуба се согласиле за сумата на трансфер од 65 милиони евра, при што играчот ќе потпише за 5 или 6 сезони. Сепак, од дуга страна се тврди дека немало договор помеѓу екипите, но имало еден за личните услови на Ван де Бек.