Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек, кариерата ќе ја продолжи во Евертон. Ова го објави новинарот Фабрицио Романо на својот профил на Твитер.
Двата клуба се договориле за позајмица на 24-годишниот играч, а „карамелите“ ќе му ја исплатат целата плата до крајот на сезоната.
Сепак, самиот Ван де Бек се уште нема донесено конечна одлука. Тоа го тврдат клубови како Кристал Палас, Валенсија и други кои исто така се заинтересирани за него.