Играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Дони Ван де Бек го коментираше резултатот на натпреварот кој неговиот тим го одигра, но го загуби од Кристал Палас (1:3).
Да потсетиме, 23-годишниот холандски фудбалер го постигна единствениот гол за „црвените ѓаволи“ на оваа средба.
„Среќен сум што дебитирав за Манчестер Јунајтед, но разочаран од резултатот. Не ја спуштаме главата и се подготвуваме за следниот натпревар“, напиша Дони Ван де Бек на својот профил на Твитер .
Ван де Бек потпиша петгодишен договор со Манчестер Јунајтед. Играчот за врска беше дел од Ајакс. Минатата сезона тој учествуваше на 23 натпревари од холандскиот шампионат (22 – во првиот тим), на кои постигна 8 гола, даде 6 асистенции, а исто така доби и три жолти картони. Сега на својот прв натпревар во дресот на Манчестер Јунајтед го постигна и својот првенец цо Премиер лигата.