Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Дориан Бабунски потпиша за Дебрецин и ќе игра со неговиот брат Давид
    Фудбал

    Дориан Бабунски потпиша за Дебрецин и ќе игра со неговиот брат Давид

    risteBy riste17/01/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонскиот фудбалски интернационалец Дориан Бабунски и официјално е нов член на Дебрецин од Унгарија. 25-годишниот напаѓач својата кариера ќе ја продолжи во тимот на Дебрецин, каде што настапува неговиот повозрасен брат, Давид.

    Дориан Бабунски во унгарскиот прволигаш доаѓа од редовите на Ботев Враца од Бугарија  каде што имаше одлична полусезона, постигнувајќи десет гола и три асистенции на 18 натпревари.

    „Голема чест е што можам да се приклучам на овој клуб. Се чувствувам подготвен да му помогнам на тимот, верувам дека заедно ќе имаме големи успеси. За првпат играм фудбал во ист клуб со брат ми и тоа исто така ќе ми биде нешто посебно“, рече изјави Дориан Бабунски во разговорот за Спортско радио 90,3 по неговата промоцијата во дебрецин.

    Бабунски со новиот клуб потпиша договор на две и пол години. Благодарение на одличните настапи во бугарскиот тим, во ноември доби и деби-повик од слекторот Милевски во А-репрезентацијата на Македонија.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.