Унгарските медиуми објавија дека македонскиот фудбалски репрезентативец Дориан Бабунски се наоѓа пред заминување од Дебрецин. Според тамошните вести, Бабунски се сели во редовите на швајцарскиот прволигаш Грасхоперс.
Македонскиот голгетер беше меѓу најдобрите фудбалери на Дебрецин минатата сезона постигнувајќи 13 погодоци, а потоа беше прогласен и за играч на сезоната во клубот. Тој на последниот меч за својот тим не беше ниту на клупата, што јасно укажува дека трансферот во ШГрасхоперс е пред завршница.
Екипата на Грасхоперс по првите пет кола од швајцарското првенство има освоено само четири бода, постигнувајќи вкупно шест погодоци.