Македонскиот фудбалски репрезентативец Дориан Бабунски го напушти досегашниот клуб Дебрецин и Унгарија ја замени со Швајцарија.
Според веќе потврдените информации Дориан Бабунски потпиша договор 2+1 година со Грасхоперс од Цирих, најуспешниот фудбалски клуб во Швајцарија, со освоени рекордни 27 шампионски титули во Швајцарија, 19 победи во купот и осум двојни круни.

Ова е добра вест и за селекторот на нашата репрезентација Милевски, откако е познато дека нашите фудбалери имаат проблем со пронаоѓање на клубови, а оние што имаат клуб имаат мала минутажа.
Се надеваме дека Бабунски ќе го покаже својот квалитет во шампионатот на Швајцарија.

