На Светското првенство во 2026 година веќе има двојно повеќе црвени картони отколку на последното Светско првенство. Досега на Мундијалот во САД, Мексико и Канада се покажани осум црвени картони.
Вчера, Натан Нгој од белгиската репрезентација беше исклучен на натпреварот против Иран (0:0).
Рекордот за црвени картони на едно СП беше поставен на турнирот во 2006 година кога имаше 28 исклучувања.

