Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Драган Канатларовски – Цапар назначен за селектор на репрезентацијата до 15 години
    Фудбал

    Драган Канатларовски – Цапар назначен за селектор на репрезентацијата до 15 години

    risteBy riste25/06/2019No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница донесе одлука Драган Канатларовски – Цапар да биде назначен за селектор на македонската репрезентација во младински категории. Прославеното име на македонскиот фудбал ќе ја предводи македонската репрезентација до 15 години.

    „После 12 години се враќам во македонскиот фудбал и среќен сум што заеднички со луѓето од Федерацијата имаме прилика да дадеме придонес во развојот на еден од најбитните сегменти од фудбалот, а тоа е младинскиот фудбал и неговиот напредок. Благодарен сум што раководството на федерацијата и претседателот Сејдини придонесоа „Куќата на фудбалот“ да ја чувствувам како своја.
    Можеби за некои моето назначување за селектор на македонската репрезентација до 15 години е изненадувачки, но сите кои ме познаваат, знаат дека јас сум во фудбалот поради фудбалот, а не заради функциите. Желба ми беше да имам своја академија каде што ќе можам да го пренесам знаењето на младите фудбалери, а овој чекор во мојата кариера е предизвик и за мене да се потрудиме да постигнеме едно повисоко ниво во работата со младите категории. Сигурен сум дека со ова најмногу ќе добијат младите фудбалери. Во изминатиот период имав прилика да гледам дел од натпреварите на младиските национални тимови, запознаен сум со условите за работа, ме радува тоа што секоја селекција се третира на високо ниво, со голем број натпревари и се надевам дека заедно со луѓето од федерацијата ќе работиме да бидеме уште поконкурентни и да создаваме фудбалери кои ќе напредуваат во различни возрасни категории“, изјави Драган Канатларовски.

    Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини му посака „добредојде дома“ на Драган Канатларовски во „Куќа на фудбалот“ и посака плодна работа со младите категории.

    „Оваа „Куќа на фудбалот“ секогаш е отворена за нашите фудбалски великани, а Драган Канатларовски секако е еден од нив. Разговаравме во однос на младинскиот фудбал и неговиот развој и драго ми е што од нас побара да помогне во неговиот напредок и развој. Знаеме дека само вложувањата во базата можат да осигураат успешна иднина на македонскиот фудбал, а ова назначување на Драган Канатларовски е потврда дека работиме во таа насока. Неговото знаење и искуство е исклучително важно и се надевам дека на вистински начин ќе им го пренесе и на младите фудбалери. Ние како федерација ќе им овозможиме најдобри услови за подготовка и натпревари, како што впрочем тоа го правиме со секоја национална селекција. Му посакувам многу успех во работата“, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.