Новиот селектор на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси, го изрази незадоволството од потегот на 12 клуба кои најавија формирање на европска супер-лига.
„Според мене тоа не е добро. Станува збор за еден вид на злосторство кон сите што го сакаат фудбалот. Колку што сум информиран таму влегуваат американските пари“ – вели популарниот Пикси.
„Дали тие господа го измислиле фудбалот па да си го присвојат. Фудбалот е за целиот свет не за 12 клуба“ – потенцираше новиот кормилар на нашиот северен сосед.

