Играчот за врска на ПСЖ, Јулијан Дракслер може да го напушти тимот во овој преоден рок. Според одредени медиуми во Франција, овој клуб сака да го продаде 26-годишникот за да го напали платниот список.
Договорот на Јулијан Дракслер е до летото 2021 година. Баер Леверкузен е заинтересиран за услугите на играчот. Се тврди дека клубот од Леверкузен може да си дозволи трансфер на играч од средниот ред. Дракслер ги брани боите на ПСЖ од 2017 година, а претходно играше за Волфсбург и Шалке 04. Тој е дел од германската репрезентација од 2012 година.
Минатата сезона, германскиот играч за врска учествуваше на 11 натпревари од француската Лига 1 и имаше 4 асистенции. Тој исто така има 5 средби во Лигата на шампионите, на кои не постигна гол.

