Фудбалскиот состав Рома одлично профитира од продажбата на дресови на новото име Паоло Дибала кој летово го напушти Јуве и се пресели кај „волчицата“.
Медиумите објавија дека Аргентинецот го соборил рекордот по број на продадени дресови во еден ден што го држеше Кристијано Роналдо од 2018 година.
Фановите што го сакаат обичниот дрес треба да платат 110 евра додека специјалната верзија на дресот на Дибала чини 130 евра.