Дресот на Ламин Јамал со број 10 стана најбрзо продаваниот предмет во историјата на официјалните продавници на Барселона за еден ден.
Според информациите од Барселона нарачале кај „Најк“ почетна серија од 70.000 единици, кои ќе бидат испратени во 170 земји. А профитот од него е околу 10 милиони евра. Се подготвуваат нови испораки за официјалните продавници на клубот во наредните месеци.
Детскиот дрес со името на Јамал чини 114,99 евра, а за возрасни – 134,99 евра. Постои и поексклузивна верзија, речиси иста како онаа на играчот, која чини 184,99 евра.
Првите два модели се најпопуларни, но и вториот има свои клиенти, особено меѓу азиските туристи.
Се забележува дека во една од официјалните продавници во Барселона се продадени над 400 дреса за два дена. Темпото е „навистина лудо“, велат вработените.

