Дрис Мертенс имаше причина да се радува по синоќешниот натпревар со Лацио (5:2). Неговиот тим забележа важна победа, а еден од головите постигна Белгиецот.
Така, тој веќе има 102 гола за наполитанците и го изедначи рекордот за најмногу постигнати голови во историјата на клубот.
Досега Антонио Војак беше единствениот лидер на ова рангирање, но Мертенс го изедначи своето достигнување и многу веројатно е дека наскоро ќе застане на врвот сам.
33-годишниот напаѓач како да беше свесен за своето достигнување и откако постигна гол плачеше и покажуваше кон небото. Тој го посвети голот на неговата баба, која почина минатата недела.