Напаѓачот на Наполи, Дрис Мертенс нема да го обнови договорот со клубот, пренесува „Газета дело Спорт“.
Белгиецот реши да го напушти тимот бидејќи не се согласува со клубот за санкциите. Мертенс побара сите казни да одат во добротворни цели. Управата одби, по што играчот одлучи да не останува во клубот отккао ќе му заврши договорот. Пред неколку месеци се случи сериозен конфликт во клубот, кога играчите одбија да одат во камп неколку дена на барање на претседателот Аурелио Де Лаурентис.
Играчот исто така е незадоволен што некои од вработените во клубот се отпуштени поради коронавирусот. Договорот на играчот истекува ова лето и тој ќе го напушти Наполи. 32-годишниот Дрис Мертенс оваа сезона одигра 29 натпревари за Наполи, постигнувајќи 12 голови и 6 асистенции.