Поранешниот напаѓач на Челзи , Дидие Дрогба, посака тимот од Лондон да ја освои титулата во Премиер лигата иако е свесен дека тоа ќе биде многу тешка мисија во тековнава фудбалска сезона.
„Ние сме најдобриот тим во Лондон. Се надевам дека ќе ја освиме титулата, но тоа ќе биде многу тешко, бидејќи Манчестер Сити игра прилично добро. Сепак, имаме тим кој може да им се спротивстави на сите благодарение на добрата работа на тренерот Маурицио Сари “ – искоментира Дрогба.
Црномурестиот фудбалер неодамна стави крај на кариерата во која најголемите успеси и ѕвездените моменти ги имаше токму во дресот на Челзи.