Поранешниот напаѓач на Челзи, Дидие Дрогба, го објави своето враќање во клубот на нова позиција. 40-годишниот голгетер стана амбасадор на лондонскиот клуб за привлекување на спонзори.
„Горд сум што повторно работам во Челзи“, напиша Дрогба на својот Твитер профил.
Proud to be working again with @chelseafc as ambassador for @yokohamachelseafc 💙 #yokohama #chelseafc pic.twitter.com/GBN8jeVJq7
— Didier Drogba (@didierdrogba) September 4, 2018
Дрогба во два дела од својата кариера беше во Челзи како играч. Во 2004 година дојде во Лондон од Олимпик Марсеј за 38,5 милиони ера и играше за Челзи до 2012 година, а во 2014 година повторно се врати во тимот како слободен агент и играше уште една сезона.