Оливие Жиру кој постигна два гола за Франција против Австралија, сега има 51 погодок или идентична бројка со Тјери Анри. Само тие двајца имаат постигнато 50+ погодоци. Напаѓачот на Милан има шанси да стане најдобар стрелец во историјата на „триколорите“.
Голем број навивачи влегоа без влезници на натпреварот од првото коло од групата А на Светското првенство во Катар меѓу Холандија и Сенегал, кој се одигра на стадионот „Ал Тумама“ бидејќи откажа системот за декодирање билети.
По забраната за алкохол на стадионите, навивачите на Англија дојдоа до идеја како да шверцуваат алкохол на стадионите. Низ социјалните мрежи кружат фотографии од лименките со пиво со налепница од Кока-Кола, други пак предложија лубеница да се наполни со алкохол.