Шеик Тамим бин Хамад ал Тани од Катар ќе присуствува на финалето на Светското првенство во фудбал на стадионот “Лужники” во рускиот главен град Москва на 15-ти јули. Тоа го изјави амбасадорот на Катар во Русија, Фахд Мохамед ал-Атија. „Можам да потврдам дека Емирот на Катар ќе пристигне за да го гледа финалето на шампионатот”, рече дипломатот. Катар ќе биде домаќин на наредното Светско првенство во 2022 година.
Играчот од средниот ред на Хрватска, Матео Ковачиќ, се вратил во тренинг процес в пресрет на дуелот со Русија во рамките на 1/4 финалето на Мундијалот во Русија. Тој заработи повреда на рамото на натпреварот со Данска одигран на 1 јули. Дуелот меѓу Хрватска и Русија е на 7 јули на стадионот во Сочи.
Околу 2.000 белгиски навивачи се очекува да присуствуваат на четврт-финалниот натпревар против Бразил од Светското првенство во Русија, објави белгијската амбасада во Москва. Дуелот е вечер во 20.00 часот. Капацитетот на Казан Арена е 43.000. Во исто време се очекуваат повеќе од 9.000 бразилски фанови.