Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска на прес-конференција објави дека во насока на справување со економската криза поради корона-вирусот, сите спортисти и спортски работници вработени во спортските колективи како и приватните спортски школи во Македонија, ќе добијат по една минимална плата за месеците април и мај.
„За сите спортски работници и спортисти вработени во спортските колективи, Владата ќе обезбеди минимална плата од 14.500 денари за месеците април и мај“ – истакна првиот човек на владеачката партија.
Предложените мерки за да стапат на сила, ќе треба да бидат изгласани од страна на Владата. Доколку мерките се споведат, тоа ќе значи и прифаќање на дел од барањата на клубовите кои се во незавидна ситуација додека трае паузата во шампионатите поради пандемијата корона-вирусот.