Манчестер Сити и Ливерпул ќе играат еден против друг во 1/8-финалето на Карабао купот. Жрепката која беше направена веднаш по натпреварот меѓу Манчестер Јунајтед и Астон Вила, ги одреди двојките и за сите останати дуели.
Домаќин на големата пресметка ќе биде Манчестер Сити. Средбата е закажана за 19 декември, само еден ден по финалето на Светското првенство.
Манчестер Сити и Ливерпул веќе двапати се сретнаа оваа сезона. „Црвените“ го совладаа тимот на Пеп Гвардиола во „Комјунити шилд“ со 3:1, а потоа се радуваа и на „Енфилд“ во Премиер лигата.
Манчестер Јунајтед ќе биде домаќин на лидерот во Чемпионшип, Барнли, додека Њукасл во оваа фаза домаа ќе го пречека поранешниот клуб на менаџерот Еди Хау, Бурнмаут.
Your confirmed Round Four draw 👀#EFL | #CarabaoCup pic.twitter.com/gSl9qEp1Mn
— Carabao Cup (@Carabao_Cup) November 10, 2022