Француската фудбалска легенда Кристоф Дугари, го осуди однесувањето на младиот напаѓач на ПСЖ, Килиан Мбапе, кој на мечот со Монпелје откако беше повлечен од игра имаше голем вербален конфликт со тренерот Тухел.
„Ми се згади тоа што го видов, мислев дека такво нешто не е можно. Многу сум разочаран кога го видов тоа посебно од Мбапе“ – вели членот на златната генерација на Франција која во 1998 година стана светски првак
„Тој се однесува како о размазено детиште. Срамота е тоа што го направи. Мора да знае дека и другите треба да играат“ – вели Дугари.

