Напаѓачот на Спортинг Лисабон, Сејду Думбиа, е пред трансфер во шпанска Жирона. Спортскиот директор на шпанскиот клуб, Кике Карсел, изјави дека тие немаат против да го донесат Думбиа, доколку и играчот е согласен на трансферот.
Во сезоната 2017/18, Думбија одигра 17 натпревари и постигна само четири гола за Спортинг. Неговиот договор со португалскиот клуб е до летото 2020 година.