Македонскиот првак струга ТЛ одигра нерешено без голови на гостувањето кај Жалгирис во првиот меч од квалификациите во Лигата на шампионите. Тренерот на Струга ТЛ, Шпетим Дуро истакна задоволство од прикажаното на првиот натпревар.
„Првата средба на нашиот тим во Лигата на шампионите беше позитивна, како резултатски, така и со прикажата игра. Презадоволен сум од екипата. На ваквите натпревари, каде што се играат два меча, се ќе заврши дури по 180 минути. Дефинитивно денеска морам да му честитам на тимот и на одиграниот натпревар. На крајот одигравме нерешено, иако имавме неколку можности да го добиеме мечот. Важно е што играчите и тимот добро ги изработи сите задачи кои ги зададовме, кога го анализиравме противникот. Видовте дека противникот беше опасен само во еден момент од мечот“, изјавил Дуро.
Реванш мечот се игра следниот вторник во Охрид.