Англиските фудбалски состави Њукасл и Вулверхемптон ќе се обидат да го купат напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин, објавија дел од светските медиуми.
32-годишниот Аргентинец може да добие уште една шанса да игра во Премиер лигата откако престојот во Челзи не му беше според очекувањата. Се проценува дека „волците“ и Њукалс кои треба да добијат нови богати сопственици, може да ги исполнат сите негови финансиски побарувања.
Иако напаѓачот на „гаучосите“ најави дека сака да остане во Торино, шпекулациите велат дека челниците на „старата дама“ размислуваат да го стават на трансфер листата. Игуаин не влегува меѓу стартерите a фигурира меѓу најплатените играчи во клубот.