Манчестер Јунајтед-ПСЖ и Ливерпул-Баерн Минхен се најатрактивните двојки во фазата на елиминации во Лигата на фудбалските шампиони.
Денешното составување на паровите за елиминацискиот дел сакаше четата на Мурињо да излезе на мегдан со ѕвездениот тим од Франција додека избраниците на Клоп да ги вкрстат копјата со гигантот од Баварија. Англичаните во двата дуела ќе бидат домаќини во првите средби.
Што се однесува до другите двојки, бранителот на пехарот Реал Мадрид ќе игра со Ајакс, Шалке ќе излезе на мегдан со Манчестер Сити, Атлетико Мадрид ќе се сретне со Јувентус предводен од Роналдо, Тотенхем ќе игра со Борусија Дортмунд, Олимпик Лион против Барса а Рома со екипата на Порто. Првите мечеви ќе бидат одиграни на 12/13 и 19/20 февруари додека реваншите се закажани за 5/6 и 12/13 март.