Нашите фудбалски состави Академија Пандев, Македонија Ѓорче Петров и Шкупи ги добија противниците за првото елиминациско коло во Лига Европа.
Струмичани во улога на дебитанти ќе играат против тимот на Зрински од БИХ. Во првиот меч на 11 јули нашиот тим ќе биде домаќин додека реваншот е закажан за 18 јули. Македонија ЃП, за противник го доби ерменскиот прволигаш Алашкерт. „Лавовите“ првиот натпревар ќе го играат на гостински терен а реваншот на арената „Тодор Проевски“ во Скопје.
Чаирчани ќе патуваат во Ерменија на мегдан со Пјуник кој и е добро познат на нашата јавност. Шкупи согласно ждрепката треба да гостува на првиот меч, но, најверојатно ќе има измени бидејќи ждрепката донесе два меча меѓу нашите и тимовите од Ерменија.

