Шкупи и Работнички по само два меча на стартот на квалификациите во Лига Европа го завршија настапот во меѓународната конкуренција. Чаирчани се елиминирани од Глазгов Ренџерс а „романтичарите од Хонвед.
Екипата на Шкупи одигра на арената во Скопје без голови со шкотскиот гигант што значеше и елиминација бидејќи на првиот меч избраниците на Стивен Џерард обезбедија позитива од 2-0. Фудбалерите на Работнички иако заминаа за Унгарија со предност од 2-1 се вратија со убедлив пораз од 4-0. Домаќинот преку Холнедер во 6. и 16. минута дојде до предност од 2-0. Во вториот дел, Данило во 63 минута реализираше пенал а истиот играч погоди и во 84 минута.
Сега честа на Македонија во Лига Европа ќе треба да ја брани Вардар кој в четврток на домашен терен ќе игра со Пјуник. Гостите имаат предност од 1-0 од првиот меч.