Луѓето од Манчестер Јунајтед заедно со претставниците на Ливерпул ќе притискаат да се намали бројот на учесниците, да се откаже Лига купот и да се направат уште неколку промени во англискиот фудбал.
Двата тима предлагаат 25% од приходите на клубовите во Премиер Лигата да одат за поддршка на пониските дивизии, 6% од приходите на клубовите да се наменат за обнова на стадионите низ целата земја.
„Црвените ѓаволи“ и „црвените“ имаат идеја да се направи и лимит на цените на билетите за гостински навивачи на 20 фунти.

