Голгетерот број 1 од Светското првенство 2014 Хамес Родригез и Вилмар Бариос го пропуштиле денешниот тренинг на репрезентацијата на Колумбија.
Отворената сесија на Јужно Американци во Казан била проследена од околу 500 обожаватели. 21 играчи се подготвуваа со полн интензитет, а само двајца играчи од средниот ред беа во сала. Хамес Родригез има благи мускулни болки, а Бариос се жали на оптеретувањ на мускулите.
Физичките проблеми не се сериозни и тие ќе бидат на располагање за првиот натпревар на Колумбија на Светското првенство во Русија на 19 јуни против Јапонија во Саранск.