Двајца играчи на Тотенхем се позитивни на тестовите за коронавирус, пишува „Дејли Меил“. Имињата на играчите не се објавени, но се знае дека тренирале со своите соиграчи во четвртокот.
Во петокот, кога се прават тестовите пред следното коло во Премиер лигата, двајцата играчи имале позитивни тестови. Тие веднаш се ставени под задолжителен 10-дневен карантин.
Во недела, Тотенхем гостува кај Њукасл во натпревар од 8. коло на Премиер лигата.