Шпанските медиуми наведуваат дека Реал Мадрид може да ја искористи ситуацијата во ПСЖ на релација Мбапе –Тухел и да го ангажира младиот фудбалер.
Францускиот напаѓач во последно време не е во најдобри односи со тренерот Томас Тухел и тоа може да се одрази на неговата иднина на „Паркот на принцовите“. На последниот меч против Бриж во Лигата на шампионите, Мбапе влезе во второто полувреме и со хет-трик потврди дека местото му е во првата постава.
Шпанскиот весник –„ АС“ пишува дека „кралевите“ ја следат ситуацијата во Париз и го чекаат моментот кога ќе ја започнат офанзивате за потписот на Мбапе.