Дефанзивниот фудбалер на Атлетик Билбао, Иниго Мартинез и голманот, Унаи Симон, не учествуваа на вчерашниот тренинг, објавија изутринава шпанските медиуми.
Тие се соочуваат со различни повреди и во наредните денови ќе бидат надвор од теренот. Тренерот на Баскискиот тим, Марселино, се надева дека барем еден од нив ќе му биде на располагање за петочниот меч со Хетафе.
Атлетик Билбао во Ла Лига се наоѓа на осмото место на табелата и се бори за евро-виза за наредната сезона.