Дефанзивецот на Фиорентина, Никола Миленковиќ може да ја продолжи кариерата во англиската Премиер лига.
Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити се заинтересирани за услугите на 23-годишниот Србин, информираше „Експрес“. Стручниот штаб на Манчестер Јунајтед смета дека Миленковиќ е идеален партнер во средината на одбраната на Хари Мегваер.
Оле Гунар Солскјер не смета на Ерик Бејли и Виктор Линделоф на долг рок, па сака да потпише со нов дефанзивец.
Миленковиќ одбива да го обнови договорот со Фиорентина, па клубот сака да го продаде во текот на летниот преоден рок, за да не го ослободи играчот како слободен агент. Трансфермаркт ја проценува цената на Никола Миленковиќ на 28 милиони евра.