Фудбалерите на Ливерпул, Садио Мане и Тијаго Алкантара ја добија битката со ковид-19 и ќе можат да настапат на дуелот со Евертон во рамките на Премиер-лигата.
Тие го пропуштија мечот со Астон Вила бидејќи беа во задолжителна самоизолација а нивните последни тетсови покажале дека се негативни на корона-вирусот и дека може да играат за „црвените“.
Уште еден играч на Ливерпул, Наби Кеита, кој претходно беше позитивен на тестовите ќе може да се врати во ритам доколку повтореното тестирање покаже дека ја надминал болеста.

