Македонските каратисти Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ не успеаја да оставрат победа во финалните натпревари на Светското карате првенство за кадети, јуниори и постари јуниори до 21 година кое се одржува во Коња, Турција.
Во категоријата постари јуниори до 21 година, Трајковски до 84 килограми го освои сребрениот медал откако во финалето загуби од Италијанецот Матео Фиоре со 1-4.
Стефан Стојановиќ (+84 кг) претходно се закити со сребрен медал, откако во финалето загуби со 1-6 од Санад Суфјани од Саудиска Арабија.