Ливерпул стана фаворит број еден за потпишување на младата ѕвезда на Борусија (Дортмунд), Џад Белингем и планира да достави понуда за англискиот репрезентативец веќе во 2023 година, пренесува „Football Insider“.
Извршниот директор на германскиот клуб Ханс-Јоаким Вацке претходно изјави дека шансите на Борусија да го задржи 19-годишниот Белингем во својот тим следното лето се многу мали, но се чини дека Англичанецот би можел уште побрзо да го напушти Дортмунд.
Според информациите, Ливерпул работи на идниот договор од почетокот на оваа година, а вредноста на понудата се очекува да надмине 100 милиони евра.
Џад Белингем го привлече вниманието на многу од врвните европски клубови со своите настапи за Борусија (Дортмунд) во изминатите 12 месеци. Меѓу кандидатите да го имаат во својот тим се и други европски гиганти како Реал Мадрид, Манчестер Сити, Челзи и Манчестер Јунајтед.