Англискиот играч од средниот ред и Борусија Дортмунд Џад Белингем би можел да го смени клубот уште во зимскиот преоден рок, пишува Дејли Меил.
19-годишниот фудбалер ќе ги извести челниците на германскиот тим за желбата да го напушти клубот по Светското првенство и покрај тоа што неговиот договор со Борусија е со важност до 2025 година.
Во исто време, Дортмунд нема да ја намали цената на Белингем и за него ќе бара 150 милиони евра.Претходно беше објавено дека за Англичанецот се борат Реал, Челзи, ПСЖ и Манчестер Сити.
Белингем оваа сезона одигра 22 натпревари за Борусија Дортмунд, постигнувајќи девет гола и три асистенции.
На Светското првенство во Катар, играчот од средниот ред на четири натпревари постигна еден гол и една асистенција.