Капитенот на швајцарската репрезентација Гранит Џака зборуваше по елиминацијата на неговата селекција од Еуро 2024.
„Првото чувство е тага и разочарување бидејќи не заслуживме таков пораз. Од друга страна, можеме да се гордееме со себе. Од првиот натпревар до денес продолживме да напредуваме, покажавме карактер, одличен тимски дух и секогаш си велевме: „Ќе треба многу труд за да не победиме“. Навивачите сакаа да не видат како се бориме, да не видат како се држиме заедно. Тоа го покажавме на секој натпревар. На крајот на денот мислам дека можеме да се гордееме со себе и со она што го направивме на овој турнир“, изјави Џака.

