Капитенот на Арсенал, Гранит Џака одби да им се извини на навивачите за неговото однесување на натпреварот од Премиер лигата со Кристал Палас (2:2).
Навивачите на Арсенал го исвиркуваат 27-годишниот играч од средниот ред, додека тој го напушташе теренот. Како одговор, Џака ја стави раката до увото, испровоцирајќи ги уште повеќе фановите, а потоа го соблече и фрли дресот на тревата и влезе во тунелот.
Според весникот „Сан“, менаџерот на Арсенал, Унаи Емери, го замолил Џака да им се извини на навивачите, но тој не го сторил тоа и не го коментирал инцидентот. Раководството на Арсенал започна дисциплинска истрага за овој настан.

