Баерн Минехн в сабота ќе го пречека актуелниот шампион на Германија, Баер Леверкузен, во меч од 5-то коло на Бундес-лигата.
Гостинскиот фудбалер, Гранит Џака, верува дека неговиот тим може да запре нападите на баварците кои на последните три средби постигнаа дури 20 голови.
„ Чувствувам дека можеме одлично да се справиме со притисокот и имаме искуство да го направиме тоа. Се разбира дека ги анализиравме нивните фудбалери. Тие се одличен состав и речиси и да немаат слаби страни“ – вели Џака.

