Репрезентативецот на Швајцарија, Гранит Џака, по вчерашното реми со Германија (1:1) кое ја однесе неговата земја во фазата на елиминации, вели дека е задоволен од резултатот.
„Секогаш е разочарувачки да се прими гол на крајот. Генерално мислам дека покажавме одличен карактер, добро ја чувавме топката и на крајот треба да бидеме среќни со еден бод“ – вели Џака.
„Знаевме колку се силни Германците. Мислам дека делувавме агресивно без топка, притискавме и во повеќе случаи добро се покажавме“ – изјави Џака за сајтот на УЕФА.

