Фудбалерите на Швајцарија Гранит Џака, Џердан Шаќири и Стефан Лихтштајнер нема да бидат отстранети од натпреварите на Светското првенство во фудбал, но ќе бидат казнети, објавија од ФИФА.
Против Џака и Шаќири, дисциплинската комисија на ФИФА отвори дело поради начинот на славење на погодоци на натпреварот со Србија (2:1). Тогаш двајцата се радуваа на головите, имитирајќи двоглав орел според грбот на Албанија.
Тие се казнети со по 10.000 швајцарски франци. Лихтштајнер пак е санкциониран, бидејќи во интервју по дуелот ги поддржал своите соиграчи. Тој е казнет со парична казна од 5.000 швајцарски франци.