Капитенот на Борусија Дортмунд, Емре Џан, не крие дека е разочаран од поразот од Барса со 4-0 во првата пресметка во 1 /4 финалето во Лигата на фудбалските шампиони.
Каталонците славеа убедливо во Шпанија и на некој начин се промовираа како сигурни патници во наредната рунда иако реваншот ќе биде одигран на теренот на „милионерите“ во Германија.
„Не одигравме добро, бевме без жар во стартовите. Направивме премногу грешки а тоа го казнија одличните напаѓачи на Барселона“ – рече играчот на Борусија Дортмунд.

